Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 јули, денот кога православните христијани го слават празникот Св. преподобна маченичка Петка.
Оваа Параскева (Петка) беше родум од Рим. Родителите ѝ беа христијани, така што од мали нозе ја воспитаа во Христовиот дух.
Кога ѝ умреа родителите го раздаде целиот свој имот на бедните и се замонаши. Со голема ревност го проповедаше словото Божјо, не криејќи се од никого. Така и стигна до римскиот суд. Неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин. Најпосле, некој кнез Тарасиј ѝ ја отсече главата. Моштите ѝ беа зачувани, а подоцна пренесени во Цариград. Пострада за Христа во вториот век.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст