| четврток, 6 декември 2018 |

Вујановиќ: Црна Гора подготвена да и помогне на Македонија

Во телефонски разговор со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, сочувство за настраданите во вчерашното невреме упати и претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ.

Како што соопшти Кабинетот на Иванов, Вујановиќ истакнал дека Црна Гора е подготвена, во рамки на можностите, да ги стави на располагање своите капацитети за помош на Република Македонија и нејзините граѓани околу снирање на последиците од временската непогода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top