Актуелниот вице-светски шампион, со 30:23 ја победи фаворизираната Хрватска во првиот меч од ракометниот турнир во Рио.
Репрезентацијата на Катар ја победи Хрватска со 30:23 на првиот натпревар од машкиот ракометен турнир на Олимпијадата во Рио. Освојувачот на сребрениот медал на последното Светско првенство, кој во своите редови има претежно натурализирани ракометари, покажа дека има сериозен репрезентативен проект. Уште на самиот старт, Катарците потполно доминираа и го презедоа водството (2:0), а во овие моменти Даниел Шариќ брилјираше на голот на Катар.
шариќ во продолжението успеа да одбрани четири седмерци, а сето тоа беше доволно за неговата селекција за на полувреме да замине со енормни 15:8. Веќе по само неколку минути игра воп продолжението, Катар направи серија од три едноподруго погодоци и дојдоа до најголема разлика од плус десет (18:8).
Крајот беше сè поблиску, а очекувано азиската репрезентација попушти со напорите, а тоа за Хрватска значеше намалување на негативата (22:15, 23:16).
До крајот, четата на Валеро Ривера повторно ги стегна конците и дојдоа до најголемата предност во нивна корист од 10 голови. Но, следеше ново олабавување на притисокот, за на крај мечот да заврши 30:23.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.