
Олимписките веслачи со месеци беа загрижени за Зика вирусот, но и загадената вода во Лагоа Родриго де Фреитас, но првиот ден на веслачките натпревари дојде под закана на силниот ветер и брановите, а српскиот двоец Милош Васиќ и Ненад Бедик тоа најдобро го почувствуваа.
Васиќ и Бедик се натпреваруваа во третата група на машкиот двоец, и се превртеа по 1.250 метри. Тие не успеаја да се вратат во својот чамец, но ги продолжуваат Игрите преку репасажот, објавија организаторите.
Двајцата веслачи не се почетници – 25-годишниот Васиќ е освојувач на бронза на ЕП во Варезе во 2012, додека Бедик весла од 2001 година.
Претходно и неколку други веслачи беа под закана од потонување. Американката Џеневра Стоун за малку ќе се превртеше, додека Египќанката Надја Негм пропушти победа поради силните бранови.
– Мислев дека ќе потонам. По 1.000 метри имаше огроми бранови кои ме потопија. Никогаш не сум веслала на ваква вода – изјави Негм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


