| четврток, 6 декември 2018 |

Приведен мажот по потекло од Македонија кој се забаракадира во ресторан во Германија

Припадници на германската полиција попладнево упаднаа во ресторанот „Дубровник“ во градот Зарбрикен во западниот дел Германија, каде утрово се забрикадира маж по потекло од Македонија, јави германското радио Саарлендишер рундфунк.

Како што пренесе ТАСС, полицијата го порнашла мажот како спие во подрумот на ресторанот, при што кај него не нашла никакво оружје, иако претходно се тврдеше дека тој е вооружен.

Полицијата соопшти дека станува збор за 43-годишен маж роден во Македонија, кој му бил зет на сопственикот на ресторанот и веќе неколку години живеел во Германија.

Тој утрово влегол во ресторанот и побарал сите хигиеничарки да излезат од објектот. Според нивните искази, тој на алиштата имал крв и можно е да бил ранет.

Претставник на полицијата уште претходно соопшти дека најверојатно станува збор за лице со „психички проблеми“, тој не држи заложници и нема „причини да се верува дека настанот е поврзан со тероризам“.

Веднаш по приведувањето мажот е пренесен в болница, со цел да се провери неговата физичка и психичка состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top