Сите жители од улицата „Костадин Петровиќ“ во Сингелиќ се уште го бараат телото на шестгодишното момче кое водата го отргнала од рацете на баба му, пренесува Дневник.
-Се удавија двајцата. Бабата ја пронајдовме во каналот, удавена. По детето трагаме цела ноќ и денеска, вели Авди, 60- годишен маж од Сингелиќ, кој вели дека едвај се спасил.
Инаку, многу жители од Стајковци, Инџиково, Сингелиќ се сомневат дека некој им е загинат од семејството од невиденото невреме кое синоќа го зафати Скопје и околината. По исчезнатите се уште се трага. Сите се излези надвор од куќите, ги чистат подрумите и ги пребаруваат наносите, бидејќи се сомнаваат дека таму има жртви.
Соседите, повикувајќи се на полициски извори и на пожарникари, велат дека неофицијално дознале дека има најмалку 30 жртви, претежно стари лица и деца.
До овој момент, официјално од МВР има потврда за 20 жртви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст