| четврток, 6 декември 2018 |

Мажот кој се забрикадира во ресторанот во Германија имал потекло од Македонија

Вооружен маж, по потекло од Македонија, се забрикадира во ресторанот „Дубровник“ во Заарбрукен, во Германија, јави ДПА.

Мажот веќе неколку години живее во Германија. Полицијата верува дека тој е зет на сопственикот на ресторанот, каде утрово влегол и побарал сите хигиеничарки да излезат. На алиштата имал крв и можно е да е ранет.

Полицијата нема директен контакт со вооружениот маж, за кој се верува дека работи во ресторанот. припадниците на полицијата сметаат дека тој не држи заложници и се обидуваат да преговараат со него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top