Незапамтено невреме во Макеоднија, Катаклизма во Скопје, потоп во Македонија, главниот град под вода, вака медиумите од регионот известуваа за страшното невреме што вчера ја зафати метрополата и околината.
Јутарни.хр објави дека власите во градот упатиле апел граѓаните да седат во своите домови, додека не заврши невремето.
Курир.рс пак пишува дека најкритично е во селата Стајковци во близина на Скопје. Водата ги носеше автомобилите и тракторите во селото, куќите се поплавија, а луѓето спасот го бараа качувајќи се на крововите од куќите, пишува српски курир.
За невремето известија и голем дел од медиумите во Босна и Херцеговина.
Поплави во Скопје, најмалку 15 жртви, пренесе Дневник.хр Невремето кое вчера го зафати Скопје траеше повеќе од 5 часа . Во текот на ноќта наврнаа 90 литри дожд на метар квадратен , а во првите два часа од невремето регистрирани се повеќе од 800 громови. Главниот град во Македонија поплавен , водата навлезе и во подрумите, а многу граѓани останале заглавени на поплавените улици во своите автомобили, пренесе РТС.
За сголемото невреме во Скопје јави и Ројтерс и британските агенции.
Во невремето во Скопје неколку лица го загубија животот, а има и исчезнати пренесе Ројтер. Невремето целосно ги потопи улиците во главиот град, дождот утринава престана, но се очекуваат нови врнежи во текот на овој ден, пренесоа британските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст