| четврток, 6 декември 2018 |

Бројката расте: Дваесет лица се загинати во синоќешното невреме

Дваесет лица се загинати, од кои за 13 е завршена идентификацијата и се предадени на семејствата, беше соопштено по денешниот состанок на Управувачкиот комитет за справување со кризи.

Во невремето синоќа најмногу беа погодени Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново, каде се најдени жртвите, а пријавени се и големи штети – срушени и поплавени куќи и возила.

Во Скопско и Тетовско, кои беа најмногу погодени од невремето, ќе биде прогласена кризна состојба во наредните 15 дена. Формиран е кризен штаб, а екипи ќе ги проценуваат штетите на терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top