Од Итната медицинска помош информираат дека во текот на ноќта и изутрината имале 65 интервенции на терен во скопскиот регион од кои кај 12 била констатирана смрт.
На повредените им била укажана здравствена помош на самото место, а 25 биле транспортирани во здравствени установи. Од Ургентниот центарСкопје потврдија дека кај нив здравствена заштита побарале 11 лица, а едно дете било донесено починато и кај него лекарите контатирале смрт.
Од 11те лица, три се пуштени дома, тројца се хоспитализирани, а петмина се уште се
дијагностицираат.
Од Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ информираат дека 15 граѓани
побарале здравствена заштита, од кои три се примени во болницата поради исчашувања на екстремитети и исеченици кои ги добиле во невремето, а останатите по укажаната здравствена помош биле пуштени дома.
Од Градската општа болница „8 Септември“ потврдија дека биле прегледани 24 лица кои имале полесни телесни повреди (контузии и исеченици), и по укажаната лекарска помош се пуштени дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


