„Мобилизирани се сите екипи на јавните претпријатија на градот Скопје, противпожарната единица, Водовод и канализација, комунална хигиена, водовод и патишта. Тука се од МВР, од војската од противпожарната единица. Ни помогнаа и приватните претпријатија кои испратија доста машини“, истакана градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски при неговата посета во селото Стајковци.
Како што посочи Трајановски ова е најголемата непогода во последниве години, а Стајковци, Синѓилич и Инџиково се особено погодени.
„Ова е елементарна непогода која не се памети во последниве години и гледаме да поминеме со што помали последици. Не знаеме што се случува натаму. Пробиен е патот кон Стајковци, сега ќе видиме каква е состојбата таму. Вклучени се сите фактори што можат да помогнат во оваа сотојба. Погодено е цело Скопје, меѓутоа мислам најризично е овде во Синѓилич, Стајковци и Инџиково со оглед на тоа што водата што доаѓа од Скопска црна гора доаѓа од Стајковци и Инџиково“, истакна Трајановски.
Тој додаде дека е голем наливот на водата, има изрушени куќи, автомобили, а состојбата е лоша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов ќе го продава Мерцедесот – бил стар и небезбеден
-
Шилегов чека слика до Коце за на ѕид, Трајановски вели дека во градот има сто фотографии од него
-
Коневски: Победа за Коце Трајановски и листата – за да ги реализираме сите проекти за подобри услови во Аеродром
-
Трајановски и Мисајловски на средба со граѓаните и пазарџиите на пазарот во Ѓорче Петров (ФОТО ГАЛЕРИЈА)