| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал го тресе Рио: Марокански боксер силувал две собарки во Олимпиското село

Мароканскиот боксер Хасан Сада уапсен е во Рио де Жанеиро поради сомневање дека се обидел да силува две жени.

Според полицијата соопшти дека Мароканецот ги силувал двете жени кои работеле како собарки во Олимпиското село.Инцидентот се случил во средата навечер ,а повеќе детали ќе има во наредните денови.

На мароканскиот репрезентативец веќе му е одреден притвор од 15 дена и за него Олимписките игри се завршени уште пред да започнат.

Според програмата Сада требаше да се појави во рингот уште утре каде за противник го имаше турскиот боксер Мехмед Надир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top