Легендата на британскиот хард рок Ози Озборн објави дека почнал со терапија заради зависноста од секс со надеж дека ќе се смири со сопругата Шерон.
– Последните шест години сум зависник од секс, напиша на неговиот Фејсбук, фронтменот на Блек Сабат.
– Јас сум преплашен кога размислувам што со тоа му направив на моето семејство. Му благодарам на Бога што имам жена која секогаш ме поддржува, додаде 67-годишниот „кум на хеви металот“.
Шерон Озборн, во мај по 34 години брак со Ози, соопшти дека ќе се разведат. Но, двојката е една од најтрајните во светот на рокот, подоцна најави дека ќе се обидат да се помират.
Ози во текот на животот имаше голем број проблеми заради зависноста со алкохол, дрога и апчиња. Зависноста од секс е дополнение на таа листа, пренесува Хина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.