| четврток, 6 декември 2018 |

Што нема да измислат Кинезите

Само два месеци по претставувањето на концептот на 19-от Меѓународен саем на висока тенологија во Пекинг, кинеските инженери направија и тестриаа нов издигнат трамвај кој може да поминува преку други учесници во сообрќаајот. Првото возење беше во Чинхуангдаоу.

По презентацијата на моделот и  концептот во мај ја заинтригираа јавноста, инженерите одговорни за  „Transit Elevated Bus“ (ТЕБ) ги изненади сите и направи навистина гигантско возило.

Трамвајот се движи на струја со сончева енергија која ја собираат панелите распоредени на покривот.

Шинското возило на иднината, поточно, работи на принцип „опчекорување“ на сообраќајни ленти така што не зависи од никаков метеж.

Целото возило осмислено е за максимално да го искористи  патот, а долго е 22, а широко осум метри. Тоа му овозможува да прекрие повеќе сообраќајни ленти.

Едно возило може да превезе и до 300 патници, но експертите планираат да се користи по метро системот, односно да одат по четири споени трамваи кои би можеле да  носат 1.200 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top