| четврток, 6 декември 2018 |

Оваа генерација има најмалку секс уште од 1920 година

Иако живеат во ера преполна со достапна порнографија, прогресивна слобода, патувања и отворени сфаќања, резултатите на научниците од три американски универзитети покажале дека лицата стари меѓу 20 и 24 години има повеќе што никогаш немале сексуален однос (16 проценти) отколку во истата категорија кај генерацијата родени во шеесетите години (6 отсто).

Според „Лос Анџелес тајмс“ „милениумците“ односно лицата родени во последните две децении се двојно помалку активни од генерацијата Х, а во споредба со хипиците, изгледаат како калуѓерки и попови.

Нема точна причина зошто е тоа така, но има неколку теории, според научниците.

Според едната, без оглед на тоа што им се достапни апликации како тиндер и слични на нив младите имаат помалку секс бидејќи многу време се на интернет.

Други прични се достапноста на порнографијата, голем број уште живеат со родителите, но и свеста за сексуално преносливи болести.

Оваа генерација чека долго до првиот сексуален однос.

Истражувањето истакнува дека бројките не покажуваат дека сите „милениумци“ имаат помалку сексуални односи, туку дека е зголемен бројот на оние кои воопшто немаат секс.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top