| четврток, 6 декември 2018 |

Крис Џенер повредена во сообраќајка

73895678

Крис Џенер доживеа тешка сообраќајна незгода и итно беше префрлена во болница поради тешки повреди и зкршен зглоб. Сообраќајката се случи во Лос Анџелес, во близина на нејзиниот дом, а нејзиниот автомобил Ролс-Ројс, кој вреди 250 илјади долари е значајно оштетен.

Крис Џенер била сама во возилото, а причина за сообраќајката е автомобил кој поминал на црвено, во кој таа се судрила. На местото на незгодата веднаш пристигна брза помош и полиција, а Крис веднаш беше однесена во болница, каде што се утврди дека има зкршен зглоб. За среќа, таа нема некои тешки последици од незгодата, а нејзината ќерка Кајли веднаш дојде во болницата за да биде покрај неа и ги извести останатите членови од семејството за незгодата. Таа на својот профил на  „Твитер“ напиша дека нејзината мајка е добро.

9918_040816113743354_625x458

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top