| четврток, 6 декември 2018 |

Му забила нож во гради на сопругот

25-годишната А.О. од Албанија вчера се обидела да го убие сопругот, кој е 16 години постар.

Според информациите од полицијата, од ЈЗУ „Гоце Делчев“ во Делчево било пријавено дека кај нив е донесен С.О. (41) од селото Тработивиште со повреди во пределот на градите.

Од извршениот разговор со него, утврдено е дека за време на меѓусебна расправија, А.О. зела нож и го продободела во градите обидувајќи се да го убие.

Полицијата извршила увид, а жената е приведена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top