Дваесет и шест годишниот В.П. од Гостивар вчера попладне бил пронајден мртов во када во сопствениот дом.
Безживотното тело го пронашол неговиот братучед.
Според информациите од полицијата, момчето било пронајдено во бањата во када полна со вода, а во непосредна близина бил забележан приклучен фен. Се претпоставува дека причина за смртта е струен удар.
Неофицијално, родителите на момчето биле заминати на одмор, а откако неколку дена не можеле да контактираат со него, се јавиле кај блиски роднини да отидат во домот и да видат што се случува.
Полицијата извршила увид, а обдукцијата треба да ги покаже причините за смртта на момчето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст