| четврток, 6 декември 2018 |

На телото на жената пронајдени траги од насилство

На телото на 31-годишната Тања С., кое вчера беше извадено од водите на езерото Калиманци, се пронајдени траги на насилство. Сепак, според информациите до кои дојде „Курир“, како причина за смртта се наведува давење од вода.

Она што досега е познато е дека мајката на Тања пријавила во полиција дека дошол нејзиниот зет Д.С. (41), по што почнале расправија со нејзината ќерка. Во еден момент брачната двојка од селото Дулица во општина Македонска Каменица влегле во автомобилот „форд“ и заминале во непознат правец.

Полицијата го пронашла безживотното тело на Тања на површината од езерото Калиманци, а бидејќи на брегот биле забележани траги од возило се претпоставува дека во водите на езерото се автомобилот и телото на Д.С.

Потрагата за пронаоѓање на мажот и возилото во водите на езерото Калимаци сѐ уште трае.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top