Доколку и вие сте од оние што ги напаѓаат комарци почесто отколку другите луѓе, за тоа постојат причини. За комарците особено се привлечни луѓе што имаат нулта крвна група, додека за групата Б се најмалку заинтересирани. Речиси шансите се дупли да се сопрат врз кожата на првите, и бидејќи кожата лачи супстанции кои им овозможуваат на комарците да идентификуваат крвна група пред да се одлучат да нападнат, па со тоа работата на оваа летечка напаст е многу олесната. Крвната група О испраќа хемиски сигнали кои за комарците се најпримамливи. Интересно е тоа дека машкиот комарец, иако изгледа многу пострашно од женката, не каса, за разлика од женката која пие човечка крв за да може да се размножува. Од крвта тие добиваат протеин изолеуцин кој го користат за создавање јајца. За комарците е најпрвлечна црната, потоа црвената, а најмалку атрактивна за нив е жолтата боја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.