Автомобилот марка „ауди“ преминало на левата коловозна лента, а возачот на автобусот, за да избегне несреќа, преминал во спротивната лента. Сударот во кој загинаа сопружниците и оставија детенце без мајка и татко бил директен.
Како што раскажуваат очевидци за Телеграф.мк, сопружниците што загинаа на самото место не ја предизвикале несреќата.
– Автомобилот марка „ауди“ премина на левата коловозна лента. Возачот на автобусот, за да го избегне ударот, отиде на спротивната лента, на која беше возилото „фиат“, и директно се судрија – вели очевидец на настанот.
Од Ургентниот центар, каде што се наоѓа седумгодишното детенце, пак, велат дека детето бара интензивен третман поради сериозноста на повредите.
Седумгодишното дете прво било примено во велешката болница, каде што се пренесени уште тројца повредени.
– Донесено е седумгодишно дете со тешки повреди на градниот кош и на стомакот. Тоа е реанимирано и во живото-загрозувачка состојба е пренесено во Ургентен центар во Скопје. Истовремено се донесени и пациентката Н.С. (37), која има скршеница на колк, и две деца, девојче на 15 години и момче на 17 години. Тие беа преплашени од сообраќајката, немаат повреди – изјави д-р Петре Кодовски, портпарол на Општата болница – Велес.
Сообраќајот беше во прекин на местото на несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст