Врелите летни ноќи на Хвар во текот на викендот дополнително ги поттикнаа туристките од Британија кои како од мајка родени шетаа низ градот, пишува 24сата.хр.
Британките се снимени пред ќебапите, хамбругерите и колабсите на блискиот киоск за брза храна целосно голи. Облеката ја носеле во рацете, а доколку во ваков егзебиционизам се фрлиле во Дубровник или Новаљи, секоја на лице место морала да плати 150 евра, а доколку не би имале пари со себе, на домашна адреса би им пристигнала казна од 350 евра.
На Хвар паричните казни за непристојно разголување и шетање по градот се уште не се наплатуваат. Постојат само плочки со предупредување дека шетањето низ град не е дозволено во костими за капење. Па можеби тука дошло до забуна.
Никаде не пишува дека е забрането да шетате голи. Комуналните полицајци сепак, предупредуваат туристите малку да се облечат.
Британците се сметаат за едни од најнепожелните туристи, а повеќе докази зошто е тоа така погледнете тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.