| четврток, 6 декември 2018 |

Позната возраста на загинатите родители кај Демир Капија, детето се бори за живот

Брачниот пар што утрово го загуби во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Удово – Демир Капија бил на возраст од околу 40 години.

Нивното седумгодишно дете, за кое првично имаше информации дека е неповредено, се наоѓа во тешка здравствена состојба, објави Телеграф повикувајќи се на болнички извори.

Момчето, поради сериозноста на повредите, е пренесено на КАРИЛ – Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Сеуште е непознато со какви повреди се здобило момчето, освен тоа дека неговата состојба бара интензивен лекарски третман.

Со него во болницата се наоѓаат неговите баба и дедо, кои во секој момент очекуваат добри вести.

Сообраќајката се случи утрово околу 7 часот на патот Удово – Демир Капија, кај месноста Свети Петка. Во неа учествуваа автомобил „фиат сеиченто“ и автобус на „Струмица експрес“. На самото место почина мајката Б.П., а таткото Н.П., кој го возел автомобилот, почина подоцна во болница.

Засега нема информации за повредени патници во автобусот. Според последните информации што ги добивме од МВР, увидот сè уште трае и оттаму не можеа да соопштат детали како дошло до несреќата. Инаку, како што дознаваме, родителите биле на возраст од околу 40 години, живееле во скопски Капиштец, а повреденото момче им било единствено дете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top