| четврток, 6 декември 2018 |

Европо, не спиј! Путин и Ердоган се зближуваат

Поранешниот шведски министер за надворешни работи Карл Билд упати остри критики на сметка на ЕУ поради нејзиниот однос кон обидот за воен удар во Турција на 15 јули и ги повика европксите лидери да застанат зад турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Брисел спие или едноставно сѐ уште не е освестен – наведува Билд во својата статија во американскиот магазин „Политико“, насловена „Европо, застани зад Ердоган“.

100047356-69226

Според Билд, доколку воениот удар во Турција завршеше со соборување на Ердоган од власт, тоа најверојатно ќе доведеше до граѓанска војна во земјата.

– Во таков случај заедно со два милиони Сиријци, уште неколку милиони Турци ќе се обидеа да побегнат од насилството, хаосот и смртта, упатувајќи се кон Европа – оценува Билд во статијата.

Билд во текстот го критикува Брисел затоа што му требало време за да го осуди обидот за воен преврат во Турција и затоа што веднаш не испратил свои високи претставници во Анкара.

Според Билд, наместо веднаш да отпатуваат во Турција, европските лидери почнале да ги доведуваат во прашање мерките што ги преземаат турските власти по обидот за пуч.

– Доколку рускиот претседател Владимир Путин биде првиот странски лидер што ќе се сретне со Ердоган по пучот, тоа ќе биде голем срам за Европа – заклучува Билд во статијата.

Анкара и Москва веќе најавија дека Ердоган и Путин ќе се сретнат на 9 август во Санкт Петербург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top