| четврток, 6 декември 2018 |

И сопругот подлегнал на повредите – брачна двојка загина кај Удово

И возачот на „фиат сеиченто“ со скопски регистерски таблички ум подлегна на повредите откако утрово на местото на несреќата загина неговата сопруга.

До тешката сообраќајна несреќа која се случи утрово во 7.20 часот на автопатот Демир Капија – Удово дошло при судир на патничкиот автомобил и автобус. Неофицијално, во автомобилот со брачната двојка било и нивното дете, кое не е повредено, но превентивно е пренесено на скопските клиники.

Сообраќајната несреќа се случила кај местото Света Петка, поради што сообраќајот е во прекин во двата правца, а автомобилите се пренасочуваат преку Струмица и Радовиш.

Увидот го води јавен обвинител и сè уште е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top