| четврток, 6 декември 2018 |

Епска битка за Алепо – бунтовниците со сите сили се обидуваат да го пробијат обрачот

alepoЖестоки судири се водат во околината на градот Алепо во Сирија, каде што бунтовниците се обидуваат да го пробијат обрачот што го направија силите на претседателот Башар ал Асад.

Викендот бутновниците се обидоа да поврзат места кои се контролираат во источниот и западниот дел на градот. Активирале и силна бомба во тунел под позициите на сириската армија во стратешки важниот реон Раусех. Армијата возвратила на нападите со воздушна поддршка од руски авиони, за да ги спречи бутновниците да се пробијат.

 

Се проценува дека околу 250.000 цивили живеат под опсада во областите кои ги контролираат бунтовниците откако силите на Асад ги опколија минатиот месец.

Извор од бунтовничките сили рекол дека е во тек „голема епска битка за Алепо“ во која учествуваат 10.000 борци, најмалку 95 тенкови и неколку стотици ракетни фрлачи. Истиот извор рекол дека бомбаши-самоубијци се подготвени да тргнат со возила полни со експлозив кон позициите на армијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top