Италијанската полиција соопшти дека уапсила две лица кои биле сопственици на градинка, во која децата ги врзувале со колани за столици.
Во соопштението се наведува дека децата во градинката, исто така, биле оставани сами во темни соби, а во еден случај воспитувачката гризнала едно од нив за лице.
Во истрагата на полицијата ѝ помогнало тоа што злосторствата биле снимени со безбедносни камери.
Полицискиот началник Маурицио Де Анџелис изјавил дека децата имале траги на злоставување по телата.
Уапсените не ја признавале вината, а истрага се води за уште две лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во градинка: Учителка со сила брка и влече дете по под (видео)
-
Драма во градинка во Прилеп: Вработена физички нападната од сопруг на колешка
-
Родителите и негувателките дале изјави за настанот во градинката „Буба Мара“
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка