| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата потврди: Робертино Чонтев загинал во бездната кај Катланово

soobrakajka-reno-velesМинистерството за внатрешни работи денес соопшти дека телото на починатото лице пронајдено вчера кај Катланово е на 45-годишниот Робертино Чонтев, потполковник во АРМ, кој минатиот месец беше пријавен за исчезнат на 24 јули.
Според полицијата, Чонтев со автомобилот доживеал тешка сообраќајна несреќа по што со автомобилот излетал од коловозот и паднал во бездната.
Според тоа што телото е најдено на неколку метри одалеченост од возилото укажувало на силината на ударот.
На местото каде е најдено возилото извршен е увид од МВР, додека телото на Чонтев било предадено на обдукција.
ПОлицијата една недела трагаше по потполковникот во АРМ, Робертино Чонтев, чие што исчезнување го пријави семејството на 24 јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top