| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: На Илинден порачуваме дека Македонија, како и досега ќе излезе уште посилнa

Никола Груевски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ во својот говор за Илинден потенцираше дека Македонија како и досега ќе излезе уште посилна и пообединета.

-Ние Македонците, одовде на Илинден порачуваме дека Македонија, како и досега низ историјата одовде ќе излезе уште посилна, уште поуспешна, економски посилна и пообединета. Да ни е за многу години и векови праникот Илинден!, порача Груевски притоа упатувајќи честитка до сите граѓани на Македонија.

Тој додаде дека денеска го славиме народот на Македонија затоа што тој народ ги извојувал победите.

-Тоа биле македонските херои кои ставале браник на секоја лоша идеја и кои обезбедувале продор на македонското дело и прогрес на македонскиот народ. Народот е силата која ја создава државата и која ја брани и развива таа држава. И денес народот е господар и така ќе биде се додека постои ВМРО. Затоа што ВМРО е Македонија, ВМРО е дијаспората, ВМРО е историјата и ВМРО е иднината – рече Грувски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top