Министерството за внатрешни работи денес соопшти дека телото на починатото лице пронајдено вчера кај Катланово е на Робертино Чонтев (45), потполковник во АРМ, кој минатиот месец беше пријавен за исчезнат на 24 јули.
-На 1.8.2016 година била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Велес, после тунелот„Катланово“ во која Р.Ч.(45) од Скопје управувајќи „Рено 9“ со скопски регистерски ознаки излетал надвор од коловозот и се превртел во провалијата покрај автопатот. Во незгодата истиот од здобиените повреди починал на самото место, информираат од полицијата.
Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
Од МВР додаваат дека се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.