Како што во 1941та се сплотивме за да се избориме за слобода и државност, како што во 1991та се сплотивме за да прогласиме независност и сувереност, така, и денес, треба да се сплотиме за да ја зачуваме слободата и државноста, независноста и сувереноста на Република Македонија. Денес, повеќе од кога и да е порани, потребен ни е процес на национално помирување!“ порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов од меморијалниот центар во Пелинце, каде се одбележува националниот празник Илинден.
Иванов повика да ја почитуваме и сакаме Република Македонија, бидејќи само во неа имаме слобода и безбедност, и таа е најсигурен влог во иднината на нашите деца. А сето тоа, рече, ќе го постигнеме само ако се помириме и сплотиме. Осврнувајќи се на македонската историја и борбата за слобода и независност Иванов истакна дека од првиот до вториот Илинден, од Крушево 1903та до АСНОМ 1944та, како народ ние научивме една скапоцена лекција.
-Тоа е дека секогаш кога сме поделени, ние сме и поробени. Секогаш кога сме сплотени, ние сме слободни- истакна македонскиот претседател. Втората лекција, додаде претседателот Иванов, ја научивме од вториот до третиот Илинден, од АСНОМ 1944та, до 8 септември 1991та, а тоа е дека кога се сомневаме во себе губиме, а кога веруваме во себе победуваме. Верувавме и победивме. Гласавме за конституирање на Република Македонија како суверена и самостојна и како граѓанска и демократска држава, посочи во обраќањето македонскиот претседател. Иванов истакна дека иако 25 години сме независни, денеска изгледаме како зависници од туѓи интереси и планови. Цинизмот е сеприсутен. Наместо да се издигнуваме, ние со зборовите се понижуваме. Станавме политички поларизирано општество, запоставувајќи ја политичката култура. Станавме заложници на омразата кон другиот, рече претседателот Иванов. Тој додаде дека наместо да го почитуваме правото на различно мислење и истото да го побиеме со аргументи, противниците ги омаловажуваме, деградираме и дехуманизираме.
-Едно семејство не може да функционира без дијалог, почитување, компромис и единство. А како што Македонија е нашиот заеднички дом, така и ние, независно од етничките, верските и политичките разлики сме едно семејство- порача претседателот Иванов на одбележувањето на Илинден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани