| четврток, 6 декември 2018 |

Кралот Пеле е првиот пик на организаторот за да го запали олимпискиот оган на „Маракана“

pele

Четири дена нè делат од стартот на Летните Олимписки Игри што оваа година ќе се одржат во Рио де Жанеиро. Бразилскиот град ќе биде во центарот на спортското внимание ширум светот од од 5 до 21 август. Олимпискиот фаќел, традиционално беше запален во април, во храмот на Хера во Олимпија во Грција ќе биде изгасен откако ќе биде носен од 12.000 спортисти. Последното примопредавање ќе биде извршено на стадионот Маракана, но последниот носител на фаќелот е сè уште непознат.

Во трката за последниот носител, засега води фудбалскиот крал Пеле. Трикратниот светски шампион со Бразил во целата своја кариера не добил шанса да настапува на Олимписките игри, па голема е веројатноста дека токму тој ќе биде последниот носител кој ќе го запали фаќелот на Маракана.

– Би бил навистина многу среќен доколку ја добијам таа чест. Тоа е дар од Бога и ако сум доволно здрав ќе бидам таму. Сакам да му донесам среќа на Бразил – изјави легендата на Бразил.

Втор 2пик“ на организаторите е Густаво Куертен, трикратниот освојувач на престижниот тениски турнир во Париз, Ролан Гарос (1997, 2000 и 2001 година).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top