Едита Арадиновиќ, фронтменката на популарната група „Министарке“, секојдневно го привлекува вниманието на јавноста со фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи.
Нејзината животна приказна Едита воопшто не е лесна. Во детството таа го изгубила својот брат кој многу го сакала, а пред само две години дознала дека нејзината мајка е тешко болна.
Таа дознала за болеста на нејзината мајка, во периодот кога почнала да работи како пејачка во популарната група.
Пред извесно време изјави дека тоа биле најтешките моменти во нејзиниот живот, кога морала да пее незнаејќи дали нејзината мајка, која боледува од рак, ќе го дочека утрото.
Музиката и нејзината публика и помогнале да ги издржи тие тешки моменти.
Денес, судејќи по фотографиите кои таа ги прикачи на социјалните мрежи, мајка и се чувствува подобро. Секако, станува јасно од кого оваа „министерка“ ја наследила убавината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.