Во пресрет на националниот празник Илинден, дојранските плажи се претесни да ги примат сите гости. Уште викендов во голем број туристите пристигнуваа, а денеска веќе го преполнија Дојран за кого традиционално шпицот од сезоната е токму во август.
– Викендите кај нас секогаш се бара место повеќе. Приватните сместувачки капацитети кои располагаат со 12.000 легла се исполнети до последното место и од тоа нема отстапување секој викенд кога Дојран како Град на културата изобилува со концерти и културни настани – изјави Бранко Попов од Туристичкото биро во Дојран.
Сепак, годинава, вели тој, поради негативната кампања со забраната за капење, која од неодамна е симната, бројот на постојаните гости што го минуваат одморот покрај Дојранско Езеро е видно намален, а капацитетите се пополнети од 60 до 70 отсто.
Поради таа причина, истакна Попов, годинава не се очекува да биде постигнат резултатот од претходната туристичка сезона во која беа остварени околу 200.000 ноќевања во Дојран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст