Потрагата по работа во странство често е компликувана и несигурна, што му дало идеја на Андреј Росиќ од Бања Лука да го отвори првиот регионален поратал на кој луѓeто од Балканот може да најдат огласи за сите работи во ЕУ – преведени на српски јазик, а се наоѓаат тука www.euposao.de.
-Пред околу половина година тргнав во потрага за рабoта и тогаш преку разговoр со луѓето, сфатив дека многумина сакаат да работат во странство, но не знаат како да дојдат до работа. Почнав да се распрашувам околу правните регулативи на ЕУ, за да утврдам како можам да ја реализирам идејата и на крај сам потпишав договор со оваа германска компанија и отворив портал – раскажува Андреј.
За само две недели од основањето на сајтот му пристигнале огромен број пријави, а работните позиции на неговиот сајт се од сите области. Покрај огласи за работа, на сајтот може да се најдат и корисни совети за заминувањето и животот во Германија, но Росиќ наведува дека целта не е „бркање“ на сите паметни и талентирани луѓе од земјата, туку давање можности на луѓето да најдат работа и да здобијат искуство, кое подоцна, доколку сакааат, може да го искористат и во својата матична земја.
Во моментов се достапни преку 380 огласи за работа во секои осум категории. Тоа се занимања што се дефицитарни во Германија и за кои работодавците може легално да вработуваат луѓе од нашиот регион.
Германската влада секоја година издава список со тие дефицитарни занимања и врз основа на таа листа работодавците можат да добијат работна дозвола и за работници што сакаат да се вработат, а кои не се државјани на земјите од ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст