Тројца членови на екипажот и двајца војници што се враќале од Алепо, каде што носеле хуманитарна помош, се мртви откако рускиот воен хеликоптер беше соборен во Сирија, пренесува „Раша тудеј“.
Кремљ извести дека сите петмина во хеликоптерот се мртви.
– Починаа со херојска смрт извршувајќи хуманитарна мисија – изјави портпаролот на Крмљ, Дмитриј Песков и додаде дека хеликоптерот се обидувал да избегне населени места за да не дојде со смрт на цивили.
Москва ќе продолжи да се бори против тероризмот и покрај заканите од Исламската држава, додадал Песков.
На социјалните мрежи се појавија фотографии кои покажуваат во која состојба се остатоците од хеликоптерот, како и вооружените бунтовници како ги влечат мртвите тела низ пустината, а други ги снимаат со мобилните телефони. Во една шокантна снимка бунтовниите скокаат по грбот на мртвиот Русин.
На фотографиите се гледаат и лични работи и документи на загинатите, а се чини дека меѓу нив има и една жена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.