| четврток, 6 декември 2018 |

Слушни Путине, ќе дојдеме и ќе ве убиеме во вашите домови – ИД ѝ се заканува на Русија

id

Исламска држава ги повика вчера во објавената видеоснимка своите борци на џихад против Русија.

– Слушни Путине, ќе дојдеме во Русија и ќе ве убиеме во вашите домови. Браќа тргнете во џихад, борете се против нив и убијте ги – се наведува во снимката, објавена на „Јутјуб“.

На снимката се гледа како мажи тренираат во некоја пустина.

Во повикот  се вели .

– Чуј, Путин, ќе дојдеме во Русија и ќе ве убиеме  во домовите ваши. О, браќа, поведете џихад, разџагорени да се бориме  со нив – вреска маскиран маж, кој вози автомобил во пустината и мавтајќи со  прст. Во видеото титлувани се снимени вооружени мажи, кои ги напаѓаат оклопни возила и шатори и собираат оружје, најверојатно на вежба  во пустината. „Ројтерс“ наведува дека не било можно да се провери автентичноста на снимката, објавен во сметка на милитантната група. Не е јасно зошто Русија е дефинирана како цел, но Русија и САД водат преговори за зајакнување на воената и разузнавачката соработка против Исламска држава и Ал каеда во Сирија – наведува „Ројтерс“.

Исламска држава повика своите приврзаници да користат секакви оружје и средства со кои располагаат, за напади врз земјите со кои групата води борба, потсетува „Ројтерс“.

Засега не е можно да се потврди веродостојноста на снимката од независни извори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top