| четврток, 6 декември 2018 |

Метеж на преминот „Богородица“, за излез се чека по половина час

granica-bogorodica1

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Од АМСМ информираат дека на граничниот премин Богородица поради зголемената фреквенција можни се задржувања до 30 минути. На другите граничните  премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози. Се препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поради високата температура се сугерира да се патува во раните утрински и во вечерните часови со правење почести одмори и консумирање повеќе безалкохолни пијалаци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top