Само 50 метри го делеле исчезнатиот Сашо Мицевски, за кој најблиските и полицијата се кренаа на нозе, од вистинската патека на која ќе го најдел спасот. 50-годишниот маж беше пронајден мртов на падините на Бистра откако претходно беше пронајден и неговиот татко во фаза на распаѓање.
Како што пишува Дневник, армиските тигри и ренџери во петокот го најдоа телото и на Сашо, кој заедно со татка си беше исчезнат повеќе од десетина дена. Телото беше најдено на 300 метри од местото каде што беше пронајден неговиот татко.
Телото е однесено на обдукција која треба да ги даде сите одговори.
Двајцата исчезнаа на 14 јули, а по нив трагаа специјалци, полицијата, ренџери, тигри, кучиња и најблиските пријатели и роднини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.