Американскиот „Вашингтон пост“ пишува дека американските подморници повеќе пати се користат за кибер- диверзии.
Подморниците се користени како хакерски платформи. Притоа честопати кибер- нападите се вршеле не само врз странски цели туку и на американски цели.
-Подморниците се важен дел од кибер стратегијата на САД, ја шптитат земјата од кибер-напади и што е поинтересно, играат голема улога во нивно спроведување. Тоа го потврдиле двајца претставници на воената морнарица на САД на конференција во Вашингтон- додава весникот.
Се претпоставува дека и во времето на Студената војна американската влада работела на проектот, благодарејќи на кој американските подморници не само што ловеле туку и управувале со радио-сигналите од советско копно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.