| четврток, 6 декември 2018 |

Семејна банда краде туристи на плажа

Семејна банда краде туристи по хрватските плажи, објавуваат медиумите на таа земја. Немилиот настан се случил на островот Раб.

– Личеа на многу мили луѓе, типично семејство кое ужива во годишниот одмор. Мајка, татко и ќерка на возраст од 13-14 години. Забележав некое кошкање на плажа, а потоа како едно момче трча по девојче. Момчето во еден момент го крена паричникот в рака и рече дека девојката му го украла. Тогаш таа, заедно со родителите почнаа да бегаат – изјави еден очивидец на настанот.

Присутните на плажата успеале да ги фатат крадците, а потоа полицијата ги однела во најблиската станица.

Како што пишуваат медиумите, најверојатно станува збор за банда која „оперира“ по јадранските плажи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top