Новото засилување во дефанзивата на Манчестер јунајтед, Ерик Бејли објаснува како се одлучил да го прифати повикот од Жозе Мурињо.
Приодот на Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо бил различен, а влијание имал и Дидие Дрогба.
-Потпишав за Јунајтед бидејќи ми се допаѓа Мурињо. Сакав да играм за некој кој работи многу напорно“ – вели Бејли.
-Не зборував директно со Пеп Гвардиола, ми се јави неговиот втор човек. Мурињо директно контактираше сомене. Ми рече дојди и играј за мене.
-Го одбрав Мурињо и поради Дрогба. Со Дрогба играв за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, тој ми е пријател и ми велеше, Жозе направи ова за мене, Жозе направ она за мене“.
-Јаја Туре исто така зборуваше со мене и ме викаше во Сити. Но откако зборував со Жозе и по советот од Дрогба, знаев точно каде сакам да играм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.