Синот на пејачката Гоца Божиновска, Мирко Шијан стигна во Црна Гора после едногодишната забрана за влез. Тој минатото лето беше протеран од Будва со својот најдобар пријател Вељко Ражнатовиќ поради инцидентите кои ги правеле.
Шијан е фотографиран со друштво на јавна плажа. Засега нема информации дека синот на убиениот Зоран Шијан прави скандали, а забележано е и дека не пие алкохол. На плажа нарачувал само флаширана вода.
Со оглед на тоа дека на Вељко Ражнатовиќ му е дозволен влез во Црна Гора само во присуство на мајка му Цеца, а Мирко дошол без мајка му Гоца, може да се заклучи дека Шијан има посилни врски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.