| четврток, 6 декември 2018 |

Карате тренер обљубил 13 годишно девојче

pedofil

Вишото јавно обвинителство во Белград поднесе обвинение против карате тренерот Златко Богатиновски (57) заради обљуба на 13 годишно девојче кое го тренирал.

Богатиновски бил уапсен во мај откако го пријавила  мајката на девојчето.

Според медиумите, мајката се посомневала дека нешто се случува меѓу детето и тренерот, па го проверила телевонот на девојчето „кој бил полн со експлицитна и директна преписка“ и која што укажувала дека меѓу нив имало сексуален однос.

Слични пораки се пронајдени и на неговиот лаптоп. Со гинеколошки преглед е утврдено дека девојчето имало сексуални односи, по што целиот случај е пријавен во полиција.

Обвинетиот го негира делото и вели дека се му е „подметнато“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top