| четврток, 6 декември 2018 |

„Зошто го нема сексот во политичките дебати?“- прашува шведскиот министер за здравство

mersex1Шведскиот министер за здравство, Габриел Викстром смета дека политиката за полово здравје на популацијата не би смеела да се води само по проблемите, туку и за поубавите аспекти и сексуалното уживање.

Затоа властите ќе почнат тригодишна студија за сексуалниот живот на граѓаните. Последните анкети во земјата покажувале дека дека Швеѓаните имале се помалку сексуални односи, посочува Викстром за медиумите. Така студијата треба да покаже дали е тоа точно и зошто се случува, а како една од претпоставките за причините се наведува стресот. Истражувањето на шведската агенција за јавно здравје ќе бидат познати во 2019 година.

e0d6b003955cd77a356402bbe4df673e25b78abea886f87d04a8d269bead9d72Според министерот, „Парадокасално е што темата за сексот навлегува во сите пори на модерното живеење, од огласување преку социјалните мрежи и медиуми до секојдневниот живот, а сепак е покриен со срам, па во целост изостанува од било каква политичка дебата“.

Фокусирањето на проблемите како сексуални преносливи болести, несакана бременост или силување, како и исклучување на темите за позитивни сексуални искуства, фрла погрешно светло на здравствената политика, додава шведскиот министер.

-А како би го промениле тоа, кога сега на луѓето од родители и учители до високи политички службеници, очигледно им е многу незгодно да започнат разговор за сексот?- заклучува Викстром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top