Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години забележа убедлива победа во дуелот против Албанија во рамките од Б дивизијата на Европското првенство што се одржува во Сараево.
По четирите порази во првата групна фаза на првенството, избраничките на селекторот Горјан Стојановски, конечно ја остварија првата победа и тоа над Албанија со 79-44 во натпревар за пласман меѓу 17. и 19. место на првенството.
Во текот на целиот меч нашите кошаркарки беа подобри од албанските врснички за што говори и резултатот по четвртини: 26:6, 24:16, 13:11 и 16:11.
Со по 21 постигнат поен за црвено-жолтите Цветанка Димова и Сања Адамовска беа најефикасните кошаркарки на натпреварот.
Утре, на последниот ден на шампионатот, во истиот термин од 12 часот, македонските јуниорки ќе играат против Романија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.