| четврток, 6 декември 2018 |

Македонци туристи во Ханиоти останаа без таблички и се вратија со искршени возила

hanioti

Македонски граѓани на градничниот премин Богородица пријавиле дека за време на првомајските и велигденските празници, додека престојувале во Грција, им биле оштетени автомобили и украдени регистарските таблички, пишува Press24.

Информацијата ја потврди и полицијата. Од таму велат дека на македонско-грчката граница се пијавиле 5 возила на кои им биле украдени регистарските таблички, а едно возило било и оштетено. Сите престојувале на првиот крак на Халкидики, во местото Ханиоти, додава порталот.
Ова не е прв пат возила на македонски туристи да бидат на мета на грчки националисти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top