Две лица се повредени во сообраќајката која вчера околу 21.40 часот се случи на магистралниот пат А-1, на делницата с.Удово-Демир Капија.
Како што информира МВР, судирот се случил помеѓу влекач „сканија“ со прилепски регистарски ознаки, со полуприколка „кроне“, исто така, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.С. (61) од Прилеп, влекач „сканија“ со кавадаречки регистарски ознаки, со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ. (22) од Кавадарци и возило „БМВ“ со германска национална ознака управувано од И.С. (31) од Р.Германија.
Во незгодата со тешки телесни повреди , поточно набиеници во пределот на главата и левото рамо, фрактура на ребра, се здобил возачот на патничкото возило И.С. и сопатничката од истото Н.Х.С. (63) од Р.Германија, која се здобила со повреди на главата со внатрешно крварење.
Двајцата со возило на Итна медицинска помош се пренесени во КАРИЛ-Скопје за понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Валандово, при што од 21.50 до 00.20 часот на 30.07.2016 година, сообраќајот бил во целосен прекин, а потоа до 03.20 часот се одвивал наизменично.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст