| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е света Марина, чувајте се огнот и громови

820

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 јули.

Православните верници денеска ја честуваат Св. великомаченица Марина, празник познат меѓу народот и како Огнена Марија.

Марина се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените.

Очигледно во најтоплиот период од годината, на празнувањето споменот на неколкумина свети великомаченици народот му посветил посебно внимание поврзувајќи го со оганот и со потребата за заштита од пожарите што во овој период од годината не се ретки.

Според народното верување, Света Марина пали и казнува со огин и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци.

Обичај на овој празник, кога поради големата жештина гори и небото и земјата, е ништо да не се работи.
Во преданијата има примери за оган и громови кои во врелите празнични денови го палеле житото, сеното и домовите на луѓето кои работеле на овој празник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top