Според првични информации од валандовската полиција, сообраќајна несреќа при претекнување колона возила предизвика застој во двете насоки во тунелот Демир Капија.
Во несреќата една жена со турско државјанство се здобила со скршеници, а нема жртви.
До несреќата, според првичните информации, дошло кога возило со германски таблички претекнувало во тунелот, при што се удрило во две товарни возила, а застанало по удар во банкината.
Од МВР јавуваат дека очекуваат во најскоро време една од лентите да биде оспособена за минување, по што наизменично ќе биде пропуштан сообраќајот.
Детали и официјални информации за несреќата се очекуваат утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.